Monday, October 17, 2016

Животот е премногу убав за да се чувствуваш лошо

loading...

-Возрасните можат да научат од тинејџерите...
  ...Но, паметните тинејџери знаат дека многу нешта можат да научат од возрасните! Барем од поголемиот дел. Кога за нешто се расправаш со твоите родители, прво што помислуваш е дека веќе не си мало дете и дека можеш да донесеш самостојна одлука. Но, признај дека ти е потребно и животно искуство, без оглед на тоа колку си самостојна личност. Затоа, кога ќе помислиш дека родителите ти забрануваат нешто само за да покажат моќ, биди сигурен/а дека најверојатно не е така, туку само сакаат да те заштитат некој да не те повреди прерано.

-Вистината е она што ќе решиш...
        ... да бида вистина!
   Се што е во твоите мисли може да стане вистина. Се што јас ќе одберам да мислам дека ќе биде моја вистина. Твојот живот и твоите искуства ќе бидат одраз на она што го мислиш. Често одбираш да мислиш на начинот на којшто мислат твоите родители. Ако се тоа негативни мисли како: „Јас не можам“, „Тешко ми е да се сконцентрирам“, „Немам среќа во љубовта“, по одредено време тие мисли (или зборови) ќе почнат да се остваруваат. Затоа контролирај ги своите мисли и засекогаш насочувај ги во позитивна насока. Ти можеш да ја креираш својата вистина за себе.

-Живеј го моментот
                 ... со отворени очи!
  Кога имаш отворени очи, тогаш можеш и да видиш ако скршнеш од вистинскиот пат. Иако не треба постојано да се размислува за иднината (како што не е добро ни постојано да се навраќаме на минатото), мораш точно да знаеш во која насока одиш. Веројатно речениците со опомени за твојата иднина (особено кога ти ги кажуваат родителите или наставниците) те нервираат зашто „сакаш да го живееш сегашниот момент“. Тоа е во ред. Треба да му се препуштиш на сегашниот момент, само секогаш внимавај да не те одвлечат некои струикои ќе те одведат таму каде што не сакаш. Држи ги очите постојано отворени!

-Умереноста е пат кон успехот.
   Зборот умереност во тинејџерските години не е многу почитуван и употребуван. Во што да се биде умерен? Здрав/а си и млад/а си, за пари и така мислат родителите, а духовно ќе се развиваш кога... кога ќе одиш во пензија. Меѓутоа, важно е да се воспостави рамнотежа, да не се запостави ни еден сегмент од развојот. Во еден ден не можеш да стигнеш да посветиш доволно внимание и на учењето, и на дружењето со пријателите, и на сурфањето по интернет, и на учење странски јазик... Но, ако направиш добар план, ако бидеш умерен/а во целите што си ги поставуваш, ако ги распределиш обврските правилно, а не сите да ги исполниш во еден ден - ќе воспоставиш рамнотежа и ќе бидеш успешен/а во се што работиш. 

-Лошиот ден е
      како грип.
   Секој има добри и лоши денови во животот. Проблем е само што да се прави кога ќе ни дојде лошиот ден. Тогаш си мислиме дека добри денови не сме ни имале. Се муртиш на сите, подготвен/а си секому да дадеш лоша критика или цел ден да одиш со „кисела фаца“како да го мразиш сиот свет. Веројатно уште кога стана од спиење се скара со твојот брат или сестра. На голем одмор му се развика на најдобриот/а другар/ка... Запомни, кога ќе ти дојде лошиот ден најдобро е да се однесуваш како да имаш грип: да чекаш да помине и да ги одбегнуваш пријателите.

-За вложениор труд...
           ... не чекај награда веднаш.
    Можеби ќе кажеш: „Ако воспоставам подобар однос со сестра ми, за викенд би излегувале заедно и тогаш родителите полесно би не пуштале“. Се обиде еднаш да излезеш со неа и бидејќи цело време се каравте, брзо се откажа. Обиди се повторно, покрај трудот вложи и малку повеќе трпение, и биди сигурен/а дека ќе ти се исплати. Значи не е важно да се вложи само труд, туку треба трпеливо да почекаш да помине време за тој труд да биде награден. Обично, кога нешто ќе направиме, очекуваме веднаш да бидеме наградени. Но, тоа не оди секогаш толку брзо.

-Не решавај ги
   проблемите кога си
нерасположен.
   За тоа како рзамислуваш најчесто влијае твоето расположение, а тоа е многу променливо, нели! Кога си лошо расположен/а, ти се чини дека нештата и проблемите се полоши отколку што навистина се. А кога имаш добра волја и најлошата критика ќе ја прифатиш со насмевка. Затоа никогаш не донесувај заклучувај или не анализирај ситуации кога си лошо расположен/а. Тогаш само сети се дека е тоа моментална состојба која брзо ќе ти помине. А доколку проблемот е вистински, ќе биде тука и кога твоето расположение ќе биде добро.

-Доверливите ги
        чуваат тајните.
   Кога некој нешто ќе ти довери и ќе те замоли тоа да остане меѓу вас, тогаш така нека биде! Иако имаш неодолива желба да отидеш во твоето друштво и на сите да им раскажеш - воздржи се! Затоа што тајната дава моќ, нечиј углед го имаш во рака и тоа те прави да се чувствуваш важен/а. Но, тоа ќе трае само дотогаш додека не речеш: „Знаете што има ново?“ Штом ќе ја откриеш тајната, ја губиш моќта, а веројатно и пријателот и пријателот што ти се доверил. Ако сакаш да ги дознаваш тајните, тие нека останат тајни. Така другите ќе знаат дека ти си доверлива личност, па ќе имаш можност да чуеш уште многу тајни.

-Ако за проблемот можеш 
  да зборуваш, можеш и да
    го решиш!
  Често во нашите глави некој проблем ни изгледа голем, комплициран и нерешлив.Сети се колку пати ти се случило да чувствуваш огромна збрка од која мислиш дека ќе ти експлодира главата! Но, кога за проблемот зборуваш гласно, се присилуваш себеси подобро да го согледаш и да го наречеш со вистинското име. Многу нејасни нешта ќе ти станат појасни кога ќе ги вообличиш во реченици. Ако нема никој до тебе што би можел да те слуша, добро ќе ти послужи и пишувањето.

-Не собирај титули, зашто
   лесно се губат.
 Добро е да се стремиш во нешто да бидеш најдобар, но не е добро кога секогаш и во се сакаш да бидеш најдобар. Имено, не е добро кога собирањето титули „најпопуларен во друштвото“, „најубава фризура“, „најдобар тест по математика“  и други разни „нај“ нешта ти станат мерило за лична вредност. Титулите лесно се губат, и што ќе правиш потоа? Задоволствата во животот мораат да потекнуваат од твоето внатрешно богатство, зашто тоа не е законско - туку вечно.  

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...