Monday, October 10, 2016

Пријателот ти е најдоброто огледало

loading...


-Пријателите се најважната состојка во нашата животна каша.

-Создавај нови пријатели, но чувај ги и старите: првите се сребро, а вторите се злато.

-Пријатели ти се оние со кои можеш да ги споделуваш и солзите и насмевките.

-Пријателството е завет што го потпишуваш со насмевка, а го раскинуваш со солзи.

-Пријателите се луѓе преку кои Господ се грижи за нас.

-Новите пријатели се како зелени плодови: не знаеш дали ќе испаднат слатки или кисели.

-Добар пријател тешко се создава, тешко се губи и тешко се заборава.

-Кога тишината не ти е непријатна, знаеш дека си меѓу пријатели.

-Секој го слуша тоа што го кажуваш, но само пријателот може да го чуе тоа што не го кажуваш.

-Парите те прават богат, но пријателите те прават вреден.

-Пријател ти е оној што, кога подава рака, допира до твојата душа.

-Пријателите се како Божилакот: ти го разубавуваат животот после бурата.

-Ако пријателството со некого треба да го купуваш - немој да се потрошиш!

-Менувај ги облеките, но чувај си ги пријателите!

-Пријателот е рамо за потпирање, уво за слушање, срце за разбирање.

-Лажните пријатели се како сенките: присутни се кога е сончево, а ги снемува кога е облачно.

-Ако од Господ бараш благослови, Тој ќе ти испрати пријатели. 

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...