loading...
-Не труди се да ја разбереш љубовта: тоа е невозможно. Труди се да искажеш љубов: тоа е возможно.
-Само ако твојата среќа ја наоѓаш во среќата на оној што го љубиш, можеш да бидеш сигурен дека ја имаш вистинската љубов.
-Љубовта е лековита и за оној што ја добива и за оној што ја дава.
-Љубовта е убава и нежна како роза: но ако грубо посегнеш по неа, ќе ги почувствуваш нејзините боцки!
-Љубовта не е взаемна, ако едниот го дава бакнежот а другиот - лицето.
-Еден збор е доволен да ни го симне сето бреме; тој збор е: љубов.
-Љубовта е богатство што никогаш не можеш да го потрошиш.
-Најслатката победа ќе ја извојуваш, кога своето срце ќе му го предадеш на оној штого љубиш.
-Ова е мера за доволна љубов: Кога ќе почувствуваш дека никој не љубел, ниту ќе љуби, толку, колку што љубиш ти.
-Тој што не ја познава љубовта, нема да го види рајот.
-Од љубовта не можеш да се ослободиш: колку повеќе ја раздаваш, толку повеќе ти доаѓа!
-Единствената љубов што има трајна вредност е љубовта што ја подаруваме.
No comments:
Post a Comment