Friday, October 7, 2016

Животот низ призма на мудрецот

loading...


-Од тебе зависи... 
   ...позитивното размислување.
Се околу тебе зависи од тоа со какви очила набљудуваш, со розови или со сиви. Ако тоа го запомниш, полесно ќе преживуваш се што се случува околу тебе. Од секоја ситуација извлечи нешто позитивно.

-Ако за себе не зборуваш позитивно...
  ...подобро молчи.
Затоа што се лошо што ќе кажеш за себе некаде ќе фати корен и затоа што со претераната самокритичност на сите им одиш на нерви. Речениците како што се: „Толку сум дебел/а (здодевен/а, смотан/а).“, „Имам криви заби!“, „Не знам зошто воопшшто се дружиш со мене!“...;не се одраз на скромност на некоја личност, туку на глупост. Ако се препознаваш во ваквите или сл. изјави, тогаш треба да знаеш дека со тоа ги нервираш сите околу себе. На крајот другите ќе си помислат: „Па навистина! Подобро да си одам! Ова е неиздржливо!“

-Напорно е секогаш да имаш право!
Никој не сака да му „солат памет“, па дури и кога оној другиот има право. Девојчињата се повеќе наклонети да предложуваат начини на кои некои работи би можеле подобро да се направат. Проблемот е во тоа што нашето его верува дека подобро ќе се чувствуваме ако некому докажеме дека сме имале право. Меѓутоа, невозможно е човек навистина подобро да се чувствува ако е тоа на туѓа сметка. Затоа опушти се малку, не заморувај се трудејќи се постојано да се докажуваш. А остави малку и другите да се веселат, па тогаш и ти подобро ќе се чувствуваш.

-Ослободи се од непотребниот товар.
Мораш повремено да се „исчистиш“ од разниот „отпад“ во облик на грижа  на совест, постојано сеќавање на нешто болно што ти се случило... Ако се ослободиш од непотребниот товар кој ти го отежнува животот, ќе си овозможиш себеси посреќна „пловидба“.

-Нежни зборови и цврсти докази.
Чувствуваш како пулсот ти се забрзува и почнуваш да врескаш! Како ќе заврши сето тоа? Така што сите викате и сите сте повредени. Ако навистина имаш право, обиди се да го смениш однесувањето. Земи длабоко воздух и со мирен тон изложи ги твоите докази. Дури и ако немаш цврсти докази, твојот мирен пристап ќе придонесе подобро да те ислушаат и повеќе да ти веруваат.

-Животот е она што се случува додека...
  ...сме зафатени со планирање.
Добро е да се имаат планови, но уште поважно е да се биде сконцентриран на она што се случува во мигот. Ако постојано чекаш да почнеш да живееш кога ќе ти се остварат плановите (поголем џепарлак, симпатија од соништата, нов мебел во собата, егзотично патување...), ќе пропуштиш многу добри нешта кои се случуваат овде и сега. Сегашноста е единственото време кое го имаш и со кое можеш да управуваш. За иднината никој не гарантира и тоа може да те држи во постојан стрес и страв. Насочи се на сегашниот момент и од нрго извлечи најмногу што можеш.

-Извини се на друг, но прости си себеси...
Ако си направил/а некоја сериозна грешка, во ред е да ја преземеш одговорноста, да се обидеш да ја исправиш, да и се извиниш на личноста што си ја повредил/а... Но, ако ништо повеќе не можеш да сториш, тогаш е време за нов чекор. Никому не помагаш со тоа што и понатаму страдаш, а најмалку себеси. Затоа, едноставно заборави ја грешката и продолжи понатаму! Најважно е сам/а да си простиш, а чувството на вина што го имаш е доволна казна.

-Надевај се, но не очекувај!
Мислиш дека нема разлика? Има. Надежта го намалува стресот, а очекувањето го зголемува. Кога на нешто се надеваш, гледаш напред и со своите позитивни вибрации придонесуваш тоа да се исполни. Но, кога нешто очекуваш, тогаш постои голема можност и да се разочараш ако очекувањето не се исполни. Особено акоочекувањето ти зависи од други луѓе.

-Само силните луѓе бараат помош.
Кога си во неволја, обрати им се на пријателите и дозволи им да ти помогнат. Ако побараш помош не значи дека си слаба личност. Решавањето на проблемите навистина е знак на зрелост, но барањето помош е доказ за зрелоста.

-Секоја облека носи порака...
Велат, облеката не го право човекот! И тоа е така, но дали си помислил/а дека со изборот на облека, свесно или несвесно, испраќаш некоја порака? Пораката може да биде: „Баш сум кул!“ или „Те молам, забележи ме!“ или „Игнорирајте ме денес, лошо сум расположена!“ Размислувај за облеката како за костим. За разни улоги потребни се различни костими.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...