Tuesday, October 4, 2016

Руска салата за зимница

loading...


Потребно:

-2 кг. краставички
-2 кг. карфиол
-2 кг. зелени домати
-2 кг. моркови
-2 кг. зелени пиперки
-750 мл. оцет
-1/2 зејтин
-1 дланка шеќер
-сол по вкус
-1 пакување бибер во зрно
-ловоров лист по желба.

Подготовка:

  Се се сецка и се меша заедно во поголема шерпа. Се остава салатата да стои 2 часа, а на секои 15 минути се промешува. Потоа се собира во тегли и теглите се мотаат во потенка хартија (по можност од весник). Така замотаните тегли се ставаат сите во поголема шерпа исто обложена со потенка хартија и се полеваат со вода до горе до капаците. Шерпата се става на шпорет и се остава да врие 10-15 минути. Времето за вриење е откога ќе почне водата да врие. Потоа се трга шерпата од огин и се остава до утре да отстои. Следниот ден теглите се вадат и се спремни за зимница.


Рецепт на Благица Цветановска.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...