Tuesday, October 25, 2016

Слатко од зелени смокви

loading...





Состојки:
-1 кг. зелени смокви
-3 кг. шеќер
-9 чаши (од 200 мл.) вода
-20 гр. лимонтус. 

Подготовка:
-Се мијат и се чистат од дршки зелените смокви и се боцкаат на 3-4 места со игла. Се варат во 9 води да провријат 2-3 минути. Се прави шербет, кога е готов шербетот се ставаат барените смокви. Се вари додека прилично не се згусне смесата. Пред крај на варењето се става лимонтус. Се собира пената од слаткото, се трга од оган и се покрива со влажна кујнска крпа. Се остава да преноќи и утредента се собира во тегли.




Рецепт на Ивана Божиновска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...