loading...
-Љубовта во тебе не е создадена за да ја чуваш, туку за да ја подаруваш.
-Љубовта му се радува на секој среќен крај. Љубомората -никогаш!
-Љубовта е како пеперутка: ако трчаш по неа, ќе бега од тебе; ако и ја подадеш раката, ќе ти слета на дланката!
-Љубовта е победоносен триумф на срцето над разумот.
-Љубовта е чедо на слободата: никогаш и не помислува да поробува.
-Љубовта е несфатлива: сета логика е против неа, но сета душа е за неа!
-Далечината и го прави на љубовта она што и го прави ветрот на искрата: ако е мала, ќе ја згасне; ако е голема, ќе ја разгори!
-Рајот е создаден за оние што покажале дека знаат да љубат, а пеколот - за оние што никогаш не љубеле.
-Љубовта во голема мера ни ги обликува и карактерот и душата.
-Љубовта може да биде чудо, но чудото може да биде и илузија!
-Човекот треба да научи многу лекции, а најважната од нив е дека треба да љуби, ако сака да постои.
-Љубовта може да се запознае само кога ќе се доживее.
-Колку и да е некое срце закоравено, ќе се стопи на огнот на љубовта. Ако тоа не се случи, значи дека огнот не бил доволно силен.
No comments:
Post a Comment