Thursday, October 27, 2016

Секој ти е пријател... додека не се покаже поинаков

loading...

-Човекот се познава и според тоа кои му се пријатели, и според тоа кои му се непријатели.

-Пријателството е билка што бавно расте.

-Пријателството е посупериорно и од љубовта: тоа ги лечи раните од љубовта.

-Немам проблем со непријатели... но од пријатели сон немам!

-За да си најдеш пријатели, треба да замижиш на едното око; за да ги задржиш, ќе треба да замижиш на двете!

-Она што е гнездото за птицата и мрежата за пајакот, тоа е пријателот за човекот.

-Ќе имаш пријатели, ако градиш мостови, а не ѕидови.

-Ако најдобриот пријател на човекот е кучето, тогаш човекот има сериозен проблем!

-И малите пријатели можат да ти бидат од голема полза.

-Пријател ти е оној пред кого можеш да бидеш она што си.

-Пријател ти е оној што е покрај тебе и кога ништо не му треба.

-На секој човек му се потребни и непријатели и пријатели: едните за да го тестираат, другите за да му помогнат.

-Пријател ти е тој што, кога ќе те праша „Како си?“, внимателно го очекува твојот одговор.

-На крајот, нема да се сеќаваме на зборовите на нашите непријатели, туку на молчењето на нашите пријатели.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...