Monday, October 17, 2016

Пица ролат

loading...




Состојки:
-600 гр. брашно тип 400
-1/2 квасец мал
-1 филџан млеко
-1 филџан јогурт
-1/2 филџан масло
-1 кафена лажица шеќер
-1 кафена лажица сол
-1 јајце
-100 гр. кашкавал
-100 гр. пилешки гради
-кечап
-300 гр. маринирани шампињони
-1/2 пециво
-оригано
-сусам
-павлака.

Подготовка:
  - Во сад со млеко се става квасец, шеќер, сол, 2 лажици брашно и пециво, се меша и се остава квасецот да стаса. Во поголем сад за месење се става јогурт, масло и стасаниот квасец и се замесува. Се покрива со кујнска крпа и остава да стаса околу 30 минути. 
 - Стасаното тесто се дели на 2 еднакви дела, се расукува како кори за пита и таа кора се премачкува со кечап. Потоа се рендаат пилешките гради, се ставаат исечканите шампињони, врз нив се ренда кашкавалот,  се посолува со оригано и се витка во ролат. Постапката се повторува уште еднаш. 
 - Замотаните ролати се сечат на ширина од 2 прсти и се редат во подмачкан плех со масло. Се мати жолтка од јајце и павлака и се премачкуваат сите парчиња и се посолуваат со сусам. Се печат на 200 степени околу 20 минути. 




Рецепт на Благица Цветановска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...