Wednesday, October 12, 2016

Книгата и детето

loading...


-Разликата на естетичка свест на детето од свеста на возрасниот човек, всушност тоа е што свеста на детето содржи добар дел нечисти (недоформулирани) елементи, т.е. интересирање за одредени содржини или она што веќе го познава, додека само постепено во заедничкото проценување на делото (естетичкото и афективното) ќе оди со заменување на она тесно естетичкото, т.е. оценка на формата, сензибилноста спрема специфичниот и исклучиво естетски аспект на некакво уметничко дело.

-Книгата за возрасни и книгата за деца, се со различна „дидактичка намена“. Првата го сугерира патот по кој ќе излеземе од нашиот свет за да влеземе во светот на писателот; меѓутоа, втората ја открива топографската карта баш на детскиот свет во сите негови најзафрлени улици.

-Ако делото им се допаѓа на децата кои не се оптоварени со искуство, се разбира дека сите во него нема еднакво да уживаат.

-За децата како и за возрасните, се единствено оние книги што се вистински уметнички дела.

-Добриот хуморист и сатиричар, по правило е и добар писател за деца.

-Не може да се зборува за уметност во литературата за деца ако уметноста се набљудува исклучиво во нејзиниот заклучен момент, но ако ја набљудуваме како развиток на естетското чувствување кое се покажува во сукцесивните самостојни облици, тогаш литературата за деца во тој процес ќе има своја функција, па иако нејзиниот израз ќе биде ограничен со оглед на концепцијата на чиста уметност, ќе биде само во корист на обликувањето на самата уметност.

-Литературата за деца денес е една од литературните гранки која најмногу се развива. Тоа е затоа што таа и се обраќа на публиката чиј број не престанува да расте и за која литературата, колку и да е вредна, е потребна колку и веселбата.

-Детската литература не е битно дали е литература или не, важно е да е детска. Всушност тој специфичен карактер и дава значење и достоинство. Да се истакне вака вредноста на детската литература, во никој случај не значи дека уште еднаш треба да се истакне произволноста и стварноста, како и чисто општествените вредности што ги нарекуваме литература. Зошто би и давале предност на една форма на уметничко искажување, зошто би ја земале за основна мерка на споредување. Она што е навистина битно е човековото изразување во најширока смисла, моќ на обликување и имагинарното.

-Детето настапува како самостоен слој на публика со своевидни потреби и специјални барања, слој за кој треба да се пишуваат посебни литературни текстови. Литературата за деца е сума и органски корпус на такви текстови кои содржајно и формално одговараат на постулатите на емпириска дефиниција на детето.

-Литературата за деца никогаш не е она што го пишуваат писателите за себе, одбирајќи и прибирајќи. Делата што во литературна смисла не се ниту осредни или пак се напросто смешни можат да и годат на таа-односна доба (детска доба) затоа што ги задоволуваат детските сентиментални страсти.

-Младинската (и литературата за деца) е историска комуникација помеѓу возрасниот човек и детето кое во својот период тукуречи само делумно располага со искуството за стварноста, како и со лингвистички, интелектуални, чувствени и други структури кои се карактеристични за возрасниот човек.

-Да се пишува поезија или литература за деца не значи ништо друго, туку да се пишува поезија или литература воопшто. Младинската литература е еден вид книжевност која има свои законитости како што ги има секоја поезија, проза или драмска литература. Добрата книга за младина подеднакво е интересна како за децата така и за возрасните. Потценувањето на младинската литература каква може секој да ја пишува, значи потценување на литературата воопшто.

-За децата не вреди она што е напишано за возрасните, но она што е напишано за децата мора да вреди и за возрасните, ако навистина се работи за уметнички дела.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...