Saturday, October 1, 2016

ТРИЛЕЌЕ - Колач

loading...






Потребно:

- 8 јајца
- 250 гр. шеќер
- 250 гр. брашно
- 1 л. слатка павлака
- 1/2 л. млеко
- карамел 

Подготовка :

Се матат 8 белки со 250 гр. шеќер , се мати се додека не стане беланец па се додаваат жолтките и 250гр. брашно. Изматената смеса се пече во тавче бр. 32 на температура од 200° C , 20 минути.  Тавчето се премачкува со масло за јадење и се обложува со хартија за печење.
Испечената кора се вади од тавче, се одлепува хартијата од долниот дел на кората и се боца целата кора со чепкалка . Кората повторно ја враќаме во истото тавче.
Во посебен сад се мати слатката павлака и се додава 1/2 л. ладно млеко .  Со оваа смеса се полева испечената кора и се става во фрижидер. 
Кората треба  да стои 2 до 3 часа во фрижидер за да ја впие течноста, откако ќе ја впие цетата течност се премачкува со карамелот. ( готовиот карамел се става во сад со млака вода за да се растопи и да може полесно да се размачка на колачот. )


Рецепт на  Благица Цветановска.






No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...