Sunday, October 2, 2016

Ако

loading...

Ако можеш да останеш присебен кога сите околу тебе
ја губат главата и те обвинуваат за тоа, 
Ако можеш да си веруваш себеси кога секој се сомнева во тебе,
и да не забележиш за тој сомнеж;
Ако можеш да чекаш, а да не ти здосади чекањето,
Ако си излажан-да не лажеш,
Ако си омразен-да не мразиш,
Сепак немој да изгледаш премногу добар,
ниту да зборуваш премногу мудро.

Ако можеш да сонуваш-а соништата да не станат твој господар,
Ако можеш да мислиш-а целта да не бидат мислите,
Ако можеш да се сретнеш со Триумфот и со Поразот,
и еднакво да се однесуваш кон тие двајца измамници,
Ако можеш да поднесеш да ја слушнеш вистината што си ја кажал,
која изобличена од злобници станала стапица за наивните,
или да ги видиш скршени работите на кои им подари живот,
и наведнат да ги изградиш повторно со стариот алат;

Ако можеш да ги собереш своите победи,
и да ризикуваш да ги загубиш сите со еден удар,
да се вратиш одново на почетокот,
Ако можеш да го принудиш срцето, и нервите, и дамарите
да ти служат долго откако ќе заминат,
и да се одржат кога ќе нема ништо во тебе
освен желбата која им вели „Држете се!“

Ако можеш да се измешаш со толпата
 и да ја зачуваш доблеста,
да бидеш покрај кралеви, 
а да не го загубиш допирот со скромноста,
Ако ни непријателите ни пријателите не можат да те повредат,
Ако сите луѓе сметаат на тебе, но не премногу,
Ако можеш да исполниш една незаборавна минута
 со шеесет секунди скапоцена содржина,
Твоја е земјата и се на неа свет е твој,
и најважно од се-ти ќе бидеш Човек, сине мој!

(Радјард Киплинг)
Посветено на Тоше Проески


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...