loading...
-Живејте го моментот. Децата живеат спонтано, знаат да се внесат во она што го прават во моментот и уживаат во секоја секунда.
-Разбудете ја вашата имагинација. Децата можат со часови да се забавуваат само со една играчка и со нивната фантазија. Така откраиваат нови работи и за себе и за светот околу себе.
-Отворете го умот. Децата лесно прифаќаат различности-без „етикети“, вина, осудување. Тие не ги осудуваат туѓите постапки и вредности.
-Слободно покажувајте ги своите чувства. Децата дозволуваат нивните постапки да бидат диктирани од нивните емоции.
-Бидете љубопитни. Децата имаат милиони прашања и не се плашат да ги изговараат гласно.
-Смејте се искрено, без воздржување. Малите деца наоѓаат радост насекаде околу себе и се смеат наглас, без задршки.
-Бидете храбри и ризикувајте. Некои ризици вреди да ги преземете, дури и да се сопнете и да паднете, бидејќи животот е премногу краток.
-Не срамете се да побарате помош. Добро е да знаете дека секогаш имате некој од кој можете да побарате помош кога ви е потребно.
-Простувајте од срце. Децата простуваат и ги надминуваат проблемите многу брзо.
-Сонувајте големи соништа. Детските соништа не познаваат граници и тие веруваат дека можат да ги остварат.
-Прегратката е најубавиот подарок. Утехата што доаѓа од саканите личности е најдобар начин за олеснување на болката.
-Радувајте им се на малите нешта. Малите нешта имаат потенцијал да не инспирираат и децата го знаат тоа.
-Ценете ги малите работи. Научете да уживате во секојдневните мали подароци.
-Сакајте безусловно. Децата прегрнуваат со сета своја сила, не очекувајќи ништо за возврат.
No comments:
Post a Comment