loading...
-После печењето на лебот, штрудлата и другите колачи, за да останат свежи до доаѓањето на гостите, замотајте ги со алуминиумска фолија.
-За да направите печено сочно месо, направете импровизиран капак за вашето тенџере, така што ќе ставите фолија врз него и ќе притиснете по должината на рабовите.
-Направете топка од алуминиумска фолија и изрибајте ги загорените шерпи, тави и решетки од скарата, ако немате челична жица.
-Исечете неколку ленти од алуминиумската фолија и превиткајте ги. Потоа нив изрежете ги со ножиците. По неколку режења ножиците би требало да бидат наострени.
-Ставете парчиња алуминиумска фолија помеѓу растенијата, за да ги заштитите од инсекти.
-Ставете алуминиумска фолија под покривката на даската за пеглање. Покривката ќе апсорбира многу повеќе топлина и пеглањето ќе оди побрзо.
-Ставете сол во алуминиумска фолија, а потоа превиткајте ја како пакетче. Потоа со загреаната пегла поминете врз фолијата, а солта поради својата текстура ќе ја отстрани сета нечистотија од пеглата.
-Дното на тенџерето покријте го со фолија, ставете вода и додадете детергент за перење алишта, во тенџерето ставете го накитот и оставете го да стои 5 минути. Потоа исплакнете го и исушете го. Така накитот ќе ви биде како нов.
-Парчиња кафеав шеќер замотајте ги во алуминиумска фолија и ставете ги 5 минути во загреана рерна на 180 степени. Така ќе го омекнете кафеавиот шеќер.
-За да го вратите сјајот на сребрениот прибор, во тенџере на дното ставете алуминиумска фолија, а потоа додадете 2 лажици сол и вода. Сребрениот прибор ставете го во тенџерето и почекајте 3 минути. Приборот извадете го од водата, оставете да се исуши, а потоа исполирајте го со памучна крпа.
No comments:
Post a Comment