Saturday, October 15, 2016

-Пријателе! - Повели! - Ништо, само те проверувам

loading...

-Пријател ти е оној што ќе ти помогне да се пронајдеш, кога ќе се загубиш.

-Вистинскиот пријател е твоето трето око и шесто сетило.

-Пријателите се како ѕвездите: нивната светлина доаѓа до израз кога е темнина.

-Зад нас се спомените, пред нас се мечтите, со нас се пријателите.

-Пријателите се како свеќа која свети посилно, кога станува потемно.

-Додека непријателот те испраќа бестрага, пријателот и таму ќе те придружува.

-Пријател ти е оној што ќе те утеши; ако не може, тогаш ќе седне до тебе и ќе ти прави друштво.

-Вистинскиот пријател ќе ти застане на пат само ако тој пат води во пропаст.

-Пријателите се како штедна книшка: од нив можеш да извлечеш толку колку што си вложиш.

-Подобро е да си во окови со пријатели, одошто во градина со лицемери.

-Пријателите не се резервна гума, па да ги бараш само кога ќе ти пукне!

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...