loading...
Состојки:
-250 гр. маргарин
-2 пакувања шлаг пена
-1 литар млеко
-250 гр. шеќер
-200 гр. мелени лешници
-2 пудинзи од ванила
-3 ванилин шеќер
-200 гр. кокос
-1 пакување бисквити
-1 чоколада за готвење
-200 гр. мелен кекс
Подготовка:
-Пудингот се мати со малку млеко,а останатото млеко се става со шеќерот на оган да се вари, па му се додава разматениот пудинг. Се мати додека не биде густо.
-Кога филот ќе се олади се додава ванилин шеќер и маргарин, па се дели смесата на 3 еднакви дела.
-Во првиот дел се додава растопената чоколада и лешници, во втотиот кокос, а во третиот мелениот кекс.
-Се реди еден ред бисквити-фил со чоколада и лешници, па ред бисквити-фил со кекси, па ред бисквити-фил со кокос, ред бисквити-шлаг (целата торта се украсува)...
No comments:
Post a Comment