Thursday, September 22, 2016

Куглоф Брзи Гонзалез

loading...


Состојки:

-3 јајца
-15 лажици шеќер
-1 ванилин шеќер
-1 чаша млеко
-1/2 чаша масло
-15 лажици брашно
-1 пециво
-1 лажица какао
-по потреба шеќер во прав, маргарин.


Подготовка:

-Јајцата, шеќерот и ванилиниот шеќер се матат пенесто.

-Се додаваат млекото, маслото и на крај постепено се додава просеаното брашно во кое е измешано пецивото.

- Калапот за куглоф (или тава бр.28) се премачкува со маргарин, се посипува брашно, се тура жолтата смеса, но дел од неа се остава за шарење.
- Во останатата смеса се става какаото кое со миксерот се изедначува и се тура одозгора пополека со шарење.

- Се пече во загреана рерна на 200 степени 25-30 минути, но сепак се контролира со чепкалка. Изладен, кугловот се сече на парчиња, се посипува со шеќер во прав и се ужива.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...