Saturday, September 17, 2016

Задолжителни производи за зимска убавина

loading...


-Балзам за усни. Во ладните зимски денови најчест проблем се испукани усни. Редовно ставајте балзам за усни за да го спречите сушењето на кожата на усните.

-Хидратантна крема. Најнеопходен производ за спречување на сушење на кожата на лицето, но и појава на брчки. За да се спречи перутањето на кожата и чувството на затегнатост на лицето се препорачува редовна употреба на хидратантна крема.

-Хидратантен прајмер. Во зима се случува да се појават дамки и црвенила на лицето поради ладното време.Со нанесување на хидратантен прајмер пред нанесување на пудрата на лицето, ќе се омекне кожата на лицето, кожата ќе ја задржи потребната масност  и ќе биде одлична основа за пудрата.

-Заштитен фактор. Во зимскиот период пред излегување од дома задолжително нанесете крема за лице со заштитен фактор. Така ќе ја заштитите кожата од непријатното црвенило предизвикано од штетните сончеви зраци.

-Маска за коса. Купете хранлив крем за коса кој редовно ќе го користите во зимските денови.Оставајте го да делува 10 минути, а по миењето на косата задолжително ставајте регенератор за да ви биде косата сјајна и полна со живот.

-Крема за раце. Најмалку внимание се посветува на нега на рацете и дланките во текот на зимата. Редовно користете соодветна крема за раце и носете ја со себе ако сакате да ги скриете своите години.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...