loading...
Какаото е зимзелено растение - Stercuilaceae кое потекнува од тропските региони на Јужна Америка. Плодот на какаото расте на дрвјата со просечна висина од 4-8 метри и се користи најчесто за правење какао во прав и чоколадо. Плодот на дрвото на какао има форма на елипса, со должина до 30 сантиметри и тежи до 500 грама. Во плодот во внатрешноста на белото месо се наоѓаат 20-60 семчиња. Од пулпата се прави сок, а од плодот се произведува какао во прав и путер од какао. Какаото за првпат пристигнало во Европа во форма на пијалак во 1519 година. За првпат во Европа какаото го сретнал Кристофер Колумбо и притоа какаото го нарекол „лешници со чуден изглед“.
Здравствени придобивки од какаото се:
-го штити организмот од влијанието на слободните радикали;
-го намалува стресот и депресијата;
-штити од срцеви заболувања и заболувања на крвните садови;
- заштитува од многу видови на рак;
-одличен извор е на железо;
-го регулира нивото на шеќерот во крвта и холестеролот;
-поттикнува подобра меморија и концентрација;
-намалува ризик од срцев удар;
-помага во регулирање на крвниот притисок.
Какаото по својот состав содржи неверојатно голема концентрација на антиоксиданси кои се одговорни за целокупното здравје на телото. Исто така, какаото содржи катехини,полифеноли за кои се верува дека штитат од срцеви заболувања, рак и низа други болести. Едно истражување во Австралија покажало дека дијабетичарите кои редовно конзумирале какао, имаат значително подобар крвен притисок и помал ризик од срцевите заболувања и мозочен удар.
Освен што содржи серотонин и допамин, хормони на среќата, какаото уште содржи и РЕА (фенилетиламин), збир од соединенија кои вашето тело ги лачи кога сте заљубени. Затоа секогаш кога ќе почувствувате потреба за љубов слободно земете си чоколадо чија главна состојка е какаото.
No comments:
Post a Comment