loading...
Чувствителноста на забите се јавува кога внатрешниот дел од забите, дентинот, се открива, поради повлекување на непцата. Дентинот во нормални услови е покриен од забната глеѓ над граничната линија од непцето, а со цемент под неа. Тој се состои од мали отвори, наречени тубули и во секоја од нив има огранок од нерви којшто доаѓа од пулпата на забот (централниот дел на забот). Штом се открие дентинот, топлата или ладната температура како и притисокот влијаат на нервите на него и така се јавува чувствителност. Кога надворешната заштитна обвивка од забната глеѓ или цементот ќе се отстрани доаѓа до откривање на дентинот. А откривање на дентинот се јавува при:
-долгорочно чкрипење на забите,
-неизлекуван кариес,
-стара пломба во забот со пукнатина,
-операција на непцето што ги оголува корените на забот,
-често конзумирање на кисела храна или пијалоци,
-премногу силно четкање на забите, на овој начин се истенчува обвивката од забната глеѓ,
-не одржување хигиена на устата, на овој начин се создава забен камен долж граничната линија на непцето, којшто ги црпи минералите од забот,
-непца што се повлекуваат и го оголуваат коренот на забот-непцата се повлекуваат најчесто зарадипериодонтална болест или премногу јако четкање на забите,
-прекумерно белеење на забите кај луѓе чии корени се веќе оголени.
Пулпата на забот, која е збир од крвни садови и нерви во средина на забот, станува чувствителна при:
-заболување или инфекција,
-напукнат или искршен заб,
-скорешно пломбирање,
-прекумерен притисок поради стискање или шкрипење со забите.
Забите најчесто се чувствителни на ладни пијалоци или храна, а поретко на топло. Забот може да реагира на ладно дури и две недели по поставувањето на пломбата. Чувствителноста на забите претставува непријатно чувство кај еден или повеќе заби, чувствителноста на повеќе заби одеднаш може да се изгуби за краток период, а може и повторно да се јави. Сето тоа е индивидуално.
No comments:
Post a Comment