Monday, September 26, 2016

Ако твоето срце нема пријателска порта, ти си од погрешна сорта!

loading...


-Важно е пријателите да те сакаат, но поважно е да ти веруваат.

-Кога одбираш пријатели-не брзај; уште помалку кога ги менуваш!

-Со пари се купуваат познанства, но не и пријатели.

-Вистински пријател ти е оној што знае се за тебе, а сепак те сака!

-Вистинските пријатели се како дијаманти: ретки, но скапоцени.

-Лажните пријатели се како есенско лисје: ги има во изобилие!

-Повеќе пријатели ќе стекнеш преку ушите отколку преку устата!

-Пријателите се математичка категорија: ни ја умножуваат среќата, а ни ја преполовуваат жалоста.

-Пријател ти е оној пред кого можеш гласно да размислуваш.

-Пријателите се како парите: полесно се спечалуваат одошто се задржуваат.

-Пријател ти е оној што ти ја препознава мелодијата на твојата душа.

-Пријател ти е тој што верува во тебе и тогаш кога ти не веруваш во себе.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...