Friday, September 16, 2016

Корисни совети за блескава коса

loading...


-Грижата за косата започнува од самото сушење. Најдобро е косата да ја исушите со помош на рацете наместо со фен за коса. Сушењето по природен пат нема да влијае на влагата во структурата на косата, додека топлиот воздух од фенот ја суши косата.
-Со чешлањето се рефлектира сјајот на површината на косата. Наједноставен начин за додавање сјај на вашата коса е четкањето со кружна четка со природни влакна.
-Кај рамната коса полесно ќе го постигнете сјајот на влакното отколку кај витканата коса. Светлината подобро се рефлектира на мазна површина, додека витканата коса има тенденција да апсорбира повеќе светло отколку што го одржува, затоа треба многу поголем труд за да се постигне сјајот. Кога косата ќе се исуши додајте спреј за сјајна коса.
-Додека косата е сува на дланката нанесете две капки од силиконски серум и размачкајте на врвовите на косата. Така ќе се измазни површината на косата без масни траги.
-Понекогаш можете да направите и длабински третман на косата со кој освен хидратација ќе добиете и сјај на косата. А можете и да посетите фризерски салон каде што нудат длабински третман за обнова на косата кој трае 20-60 минути. Со тоа освен вашата коса ќе блеска и вашата насмевка.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...