Friday, September 16, 2016

Мудрости за пријателството

loading...


-Пријателот прекорувај го кога сте сами, а фали го пред други.

-Кога би знаеле луѓето што зборуваат едни за други, во светот не би постоеле ни четворица пријатели.

-Кој помага брзо, тој помага двојно.

-Вистински пријател не е само оној што жали на нашата несреќа, туку и оној што не завидува на нашата среќа.

-Омразата на оние што се лоши и не е толку опасна како нивното „пријателство“.

-Сакај го својот сосед, но не уривај ја оградата.

-Тој што не може да живее во друштво или за тоа нема потреба бидејќи си е доволен самиот на себе, мора да е или ѕвер или бог.

-Многу луѓе се како часовници: покажуваат едно време, а отчукуваат друго.

-Колкава тишина би настанала кога луѓето би го кажале само тоа што го знаат.

-Го прашале мудрецот:„ Дали повеќе го сакаш братот или пријателот?“ Мудрецот одговорил:„ Го сакам братот, ако ми е пријател.“

-Попаметно е на пријателот да му простиш, отколку да го загубиш.

-Вистинскиот пријател прво е бранител, а потоа судуја.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...