Sunday, September 11, 2016

Плетениот џемпер во мода

loading...

  Откако е откриена тајната на плетењето, пред неколку илјади години, џемпери носат и кралеви и овчари, богати и сиромашни. Арабјаните правеле игли слични на денешните игли од дрво, коски од животни, слонова коска, железо, па и од рибини коски.Некогаш одамна луѓето поради волната за плетење одгледувале овци и други животни, ги вкрстувале и совладувале разни техники на преработка. Волната била сушена на сонце, а плетењето топла облека било женска работа. Во новото време имало и нови начини на плетење, како, на пример, машинско, но рачната изработка била и останала ненадмината.
  Во 1589 година Вилијам Лиј конструирал прв модел на разбој, кој работел шест пати побрзо од човечките прсти. При крајот на 16 век плетењето станало професија признаена со закон и станало занает. Не за џабе се кажало: „Плетењето е наука. Се работи со уметничко преплетување на игли, кое на секое парче му даваат облик што одговара.“
  Бројни студии и анкети извршени во Германија покажале дека луѓето сакаат нешто да произведат  со свои раце, затоа што кога нешто сами ќе направиме, тоа за нас значи слободен простор и радост.Истражувањата покажале дека работата на ракотворби е терапевтска, плетењето го стимулира мозокот, ги ублажува симптомите на депресија и луѓето со вакво хоби се чувствуваат посреќни после плетењето. 
  Според етнолозите, секој народ има свои специфични фолклорни шари за џемпери, па врз основа на плетките и мотивите, кои можат да бидат растителни, животински или геометриски, може да се препознае потеклото на овој предмет за облекување. Џемперите се разликуваат дури и по материјалот кој е употребен за плетење, затоа што се прават од овчи, јагнешки, козји, волна од камила и влакна од други животни, но и од памук, синтетички влакна и нишки од различни комбинации. Фановите на џемперите од кашмир тврдат дека кај вистинскиот џемпер од кашмир секогаш може да се препознае таа фина, мазна, свиленикава волна, на која не смее да има никакви набори, нерамнини или грутки.
  Така, во 1999 година францускиот стилист Жерар Дарел на аукција купил оригинален џемпер со плетенки кој Мерилин Монро го носела во филмот „Ајде да се сакаме“ (Let`s make love) од 1960 година. Меѓутоа, во мода не е само носење на џемпери, со најразлични дебелини, должини,облици, видови на околувратници и плетки, туку и плетењето. Ова ново, планетарно топ хоби стана толку популарно, така што бројот на клубови за плетење постојано расте, а во нив се зачленуваат и познати личности како Сара Џесика Паркер, Ума Турман и Џулија Робертс, кои се занимаваат со рачна изработка и на јавно место, на пример, во ресторан, на пауза на снимање или во кино.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...