Tuesday, September 27, 2016

Практични предлози-како до рамен стомак

loading...


-Наместо пиење кафе во кафулиња или ресторани, предложете им на пријателите заедничка прошетка.

-Некои студии покажале дека аеробикот е најефикасниот тренинг за издржливост и согорување на калории.

-Конзумирајте храна како на пример: житарици, две јаболка, половина чинија грав, една артичока, две китки брокула, кои содржат влакна за рамен стомак.

-Секогаш први нарачувајте храна во ресторан и тоа одлучно за да не ве предомислат, бидејќи ако чекате други пред вас да порачаат ќе ви се зголеми апетитот.

-Избегнувајте солена храна, бидејќи таа бара многу течности, а тие пак прават да изгледате надуено.

-Јадете четвртина авокадо дневно зашто го намалува шеќерот во крвта и ги складира маснотиите околу стомакот.

-Намалете ги газираните напитоци затоа што меурчињата одат во вашиот стомак.

-Кажете стоп на алкохолот бидејќи го зголемува количеството на кортизол, а тој ги таложи маснотиите на стомакот.

-Ставајте 2 лажици сончогледови семки во секоја салата бидејќи тие се непресушен извор на незаситени масни киселини и витамин Б.

-Конзумирајте варена морска риба бидејќи таа е богата со масни киселини и омега 3.

-Пијте повеќе вода бидејќи таа е главниот проводник на брзо исфрлање на масните и штетни елементи од вашиот организам.

-Некои истражувања покажале дека оние кои спијат 7 или повеќе часа навечер губат повеќе маснотии и се помалку гладни.

-Вежбајте во ринг затоа што сите удари и скокања во рингот ги топат маснотиите во организмот.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...