Monday, September 19, 2016

Храната сојузник во согорување калории

loading...


-Бобинките содржат некои флавоноиди кои го зголемуваат производството на адипонектин, хормон кој го стимулира согорувањето на мастите. Боровинките, јагодите и малините содржат растителни влакна и со само 50 калории по чаша. Со конзумирањето на јагоди како додаток на оброк се постига стабилизирање на шеќерот во крвта, се регулира инсулинот и се намалува холестеролот.

-Павлаката има двојно повеќе протеини и двојно помалку шеќер од обичниот јогурт. Таа е еден од најдиеталните производи кои можете да ги консумирате.

-Јајцата се богат протеински појадок во борба со искушенијата и преземањето контрола над гладот. Едно јајце содржи 6 грама протеини и само 70 калории. А за да ги намалите калориите, можете да ја јадете само белката од јајцето која има само 30 калории и 3,5 грама протеини и масти.

-Ф`стаците во лушпа му прават трик на мозокот да мисли дека јаде повеќе од тоа што реално изел. Тие се одличен ниско калоричен избор на протеини. Секогаш чувајте ја оваа супер ужинка при рака во вашата торба доколку сакате брзо заситување во гладните моменти.

-Зелениот чај нуди двојна корист - кофеинот и катехините во чајот помагаат во забрзување на метаболизмот и истовремено го поттикнуваат процесот на согорување на мастите. Чајот има нула калории и е богат со антиоксиданси, па така ќе обезбедите дополнителна предност во вашата диета. И улонг чајот може да се користи во борба со калориите, а може да се конзумира и во посериозни ситуации на прекумерна дебелина или кардиоваскуларни проблеми.  

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...