Sunday, September 18, 2016

Дали ни се потребни синтетички витамини?

loading...


-Хемиска копија на природните витамини се синтетичките витамини кај кои недостасува биоелектрицитетот т.е. енергијата на храната којашто се наоѓа во нејзиниот електрицитет.

-Витаминот А го има во: моркови, ротквици, компир, домат, интегрални житарици, лук и кромид, суво овошје, кајсии, лимон, портокал, сирење, растително масло, мед и млеч. Тој го стимулира природниот имунитет, го регулира крвниот притисок, придонесува за добар сон, го поттикнува раст на коса и нокти, придонесува за подобар вид, штити од инфкции и разни проблеми поврзани со телесната тежина.

-Витамини од Б групата ги има во: зелени делови на свеж зеленчук, свежо овошје, суво овошје, интегралниот ориз, кикиритки, ореви и јајца. Тие ја стимулираат работата на срцето, црниот дроб и органите за варење, се борат против заморот и помагаат при производството на крвни зрнца и формирање хемоглобин.

-Витаминот Ц го има во: црвената зелка, спанаќот, лукот, пиперката, лимонот, кивите, рибизлата, портокалот, медот и млечот. Тој влијае врз зајакнување на имунитетот, врз зголемување на активноста на надбубрежната жлезда, штити од токсини кои ги има во чадот од цигари, ја подобрува оксигенацијата и снабдувањето со олиго елементи и учествува во создавањето на прогестерон.

-Витаминот Д го има во: маслиново масло, зеленчук и салати, мед и млеч. Тој влијае врз растот на коските и дава цврстина на кожата.

-Витаминот Е го има во: мед и млеч, зелени салати, маслиново масло и јајца. Консумирајќи го редовно овој витамин можете да ја подобрите плодноста и сексуалната рамнотежа, да го намалите стареењето на кожата и да ја регулирате функцијата на хипофизата и тироидната жлезда.   

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...