loading...
-Издишувајте, полека и нежно додека се оддалечите 6-10 метри од лицето кое кива или кашла.
-Пијте чај, бидејќи пиењето чај и дишењето на пареа ги стимулира влакната во носот поефикасно да ги задржуваат бактериите надвор од организмот. Лимонот е полн со витамин Ц, а медот делува антибактериски.
-Избегнувајте го алкохолот, бидејќи алкохолот негативно влијае на ресторативната РЕМ фаза од спиењето која започнува околу 70 до 90 минути откако сме заспале.
-Консумирајте протеини, бидејќи тие го зајакнуваат имунолошкиот систем. Организмот секојдневно има потреба од храна богата со протеини, особено риба, јајца и јогурт.
-Додадете цинк во вашата исхрана, бидејќи цинкот ги ублажува симптомите и помага да оздравите побрзо.Се препорачува неколку дена да пиете таблети богати со цинк доколку ве боли грлото или пак сте настинати.
-Внимавајте на хигиената во спортските сали, бидејќи таму сите шетаат со испотени крпи, нечисти патики и хигиената е на многу ниско ниво. Пред да почнете да вежбате најпрво постелете чиста крпа или избришете со антибактериски марамици. Вирусите можат да живеат на површините до 48 часа! Редовно одржувајте лична хигиена.
No comments:
Post a Comment