loading...
-Благодарноста и алчноста не одат заедно.
-Научете се вашата болка да ја запишувате на песок, а добрините да ги врежувате во камен.
-Помогнете им на ближните секогаш кога можете, помогнете им кога се во неволја и не им посакувајте ништо што не сакате да ви се случи вам. Животот е непредвидлив. Никој не знае што може да го снајде утре.
-Не секогаш сме во можност да направиме огромно добро, да им помогнеме на сите или да ги спасиме сите. Но запомнете, секое добро дело, без разлика колку мало и безначајно ви се чини вам, за некого може да значи живот.
-Еве некои работи кои никогаш не можат да се вратат назад:
*зборот откако ќе се каже
*посебниот миг откако ќе заврши
*пријателството откако ќе се изневери
*љубениот откако ќе си замине.
-Добро е да се даде кога некој ќе побара, но уште подобро е да му се даде се на оној што ништо не побарал.
-Лавот е лав и лавот никогаш нема да биде крава. Црното е црно и никогаш нема да стане бело. Глупав е тој кој мисли дека може да го промени тој природен закон, верувајќи дека е подобар од истите како него.
-Сите сме совршени, токму онакви какви што не создал Бог. Сакај го сето она што го имаш, радувај се на сето тоа што си. Вредноста не се мери однадвор.
No comments:
Post a Comment