loading...
Колку повеќе учите за уметноста толку поинтересно бонсаи дрвото може да биде-многумина сфаќаат дека моделирањето на бонсаи дрвото може да биде многу медитативно и супер за намалување на стресот. Бонсаи е прекрасно и забавно растение за да го имате во вашиот дом или канцеларија.
-Наводнувајте го вашето бонсаи. Ова е прилично очекувано, но бонсаи има многу специфични барања за наводнување. Околу еднаш неделно или така нешто(кога горниот слој на почвата се чувствува сосема сув) потопете го целото бонсаи растение во кофа со вода. Така намокрената земја се покрива со ситни камчиња и тие наводенети исто така. Ова ќе го зголеми нивото на влажност на дрвото и оди во прилог на заштита на бирото или масата на која е поставено.
-Можете да го ставите во затворена просторија или надвор или близу прозорец, но да добива многу директна сончева светлина. Бидејќи бонсаито е познато по својата смиреност, најдобро е да го ставите во канцеларија.
-Чистете го вашето бонсаи. Целта со чистењето е да се задржи формата додека расте. Користете градинарски ножици за отстранување на мртвите гранки. Потоа сами одлучете кои гранки да ги намалите за да се одржи саканиот дизајн. Затоа ова мало дрво е дар за креативни пријатели.
-Правата почва за бонсаи. Нема во секоја земја да изникне бонсаи. Целта е да се најде почвата што се слива брзо, но сепак успева да ја задржи својата вода. Исто така треба да содржи мали честички за да се обезбеди соодветна вентилација, дозволувајќи кислородот да стигне до коренот. Постојат специјализирани почви на пазарот направени само за бонсаи или може да измешате своја (ако сте амбициозни). Исто така, императив е да додадете ѓубриво на вашата почва за време на сезоната на раст (обично рана пролет до средината на есента).
No comments:
Post a Comment