Saturday, September 24, 2016

Пеглана пиперка за зимница

loading...


Состојки:
-5 кг. црвени меснати пиперки
-2 филџани сол
-2 филџани шеќер
-5 филџани масло
-1 филџан есенција
-1/2 кеса бибер во зрно
-2-3 главици лук
-по желба некоја лута пиперка.

Подготовка:
-Пиперките се мијат, им се вадат семки и дршки и се редат во широк поголем сад. Секој ред се посипува со сол, шеќер, есенција, масло и така се оставаат поклопени да стојат неколку часови (на филетите им треба помалку време отколку на целите пиперки). Од време на време пиперките добро се мешаат, за да секоја пиперка биде во оваа смеса.

-Пиперките, т.е. филетите се редат во добро измиени и стерилизирани тегли и помеѓу се ставаат  делчиња од лук, зрно бибер а по желба и лист од целер. Наполнетите тегли се налеваат со течност која ја пуштиле пиперките и добро се затвораат со оригинал капак.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...