Saturday, October 22, 2016

Кои ти се пријатели ќе откриеш после твоите порази

loading...


-Дали ќе ме сметаш за религиозен фанатик, ако ти кажам дека мојот најдобар пријател е роден во јасли!?

-Пријателите ќе ни бидат потребни и во рајот!

-Подобро е да имаш мудри непријатели одошто неразумни пријатели.

-Понекогаш, оној на којшто најмногу си му помогнал, престанува да ти биде пријател!

-Тој што им е пријател на сите, не му е пријател никому.

-За вистинските пријатели има тројна проверка: кога си во мака, кога ти се зад грб и кога ќе умреш.

-Не се вистински пријатели оние што мораш да ги викнеш, туку оние кои сами доаѓаат да ти помогнат.

-Пријателство значи повеќе да даваш, а помалку да бараш.

-Пријателство од сожалување, завршува со сожалување.

-Пријателството е равенка во секоја смисла.

-Прекинатото пријателство е како скинат конец: може да се состави, но јазолот ќе остане.

-Пријател ти е оној што твоите непријатели ги смета и за свои непријатели.

-И на пријателите вистината треба да им се каже в лице.

-Раната од пријател никогаш не заздравува.

-Пријателот треба јавно да го фалиш, а насамо да го кудиш. 

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...