loading...
-Љубовта има способност да го почувствува она што окото не може да го види и умот не може да го разбере.
-Зошто да талкаш по патот на омразата, кога можеш да уживаш во оазата на љубовта?
-Љубовта е она што ти приоѓа, кога целиот свет те напушта.
-Љубовта не бара ништо; таа сама по себе претставува награда.
-Љубовта е како роза: ако ја негуваш, целиот живот ќе ти го исполни со мирис.
-Тој што е исполнет со љубов, исполнет е со самиот Бог; зашто, Бог е љубов.
-Човековата душа не може да живее без љубов. Таа мора некого да љуби, зашто создадена е за да љуби.
-Љубовта е безгрешна, таа не греши. Сите гревови се поради недостаток на љубов.
-Љубовта е единствената сила на светот, којашто може непријателот да го претвори во пријател.
-Кога сакаш си среќен. Кога си сакан вредиш, кога си среќен и вредиш, ја имаш смислата на животот.
-Човекот што вистински сака, покажува, тој што мисли дека сака, укажува.
-Кога повеќето од луѓето би знаеле да го кажат и да го покажат тоа што го мислат, би имало повеќе разбирање и љубов меѓу нив.
No comments:
Post a Comment