loading...
-Љубовта е долго трпелива, љубовта е милостива, љубовта не завидува, не се фали, не се вообразува...
-Има три работи што ќе опстојат: верата, надежта и љубовта; а од сите нив, најголема е љубовта.
-Ако негуваш омраза, лутина и завист, љубовта сигурно ќе те одмине.
-Можно е да подаруваш без да љубиш, но не е можно да љубиш без да подаруваш.
-Љубовта што не е способна да љуби тогаш кога другиот не го заслужува тоа, не е вистинска љубов.
-Најголемата промашена инвестиција што може да ја направи човек е никогаш никому да не му подари ни трошка љубов.
-Љубовта е оган: може да те стопли, а може и да те изгори!
-Те љубам, не поради тоа што си ти, туку поради тоа што сум јас, кога сум со тебе.
-Љубовта и искреноста се две нераздвојни крилца, зошто љубовта не може да се издигне без искреност, а ни искреноста без љубов.
-Биди жив израз на Божјата љубов: љуби со лицето, љуби со погледот, љуби со насмевка, љуби со топол збор.
-Не, љубовта не е слепа; напротив, таа гледа многу повеќе од окото, но љубезно одлучува да се прави дека не гледа.
-Само силата на љубовта е способна да ја поднесе омразата.
No comments:
Post a Comment