Monday, October 10, 2016

Ќофтиња од компири

loading...

Потребно:
-1 кг. компири
-2 јајца
-2 супени лажици сусам
-50 гр. лебни трошки
-кашкавал 
-сол и црн пипер.

Подготовка:
  Компирите излупете ги и исецкајте ги на парчиња, потоа сварете ги. Од варените компири правиме пире ( може да се искористи и пире од претходниот ден). Откако ќе се оладат компирите додадете ги јајцата, сусамот, лебните трошки, сол и црн пипер и добро промешајте. Со рака земаме малку од смесата, во средината додаваме парче кашкавал и убаво расплескуваме од сите страни.
  Се пржи во претходно загреано масло. Извадете ги на хартија за да се впие вишокот маснотија и сервирајте ги топли.



Рецепт на Ивана Божиновска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...