Thursday, October 27, 2016

Инвестирај во иднината - читај книги

loading...



-Книгите се дом. Тие не го прават домот – тие едноставно се домот, во смисла како кога отвараш врата, ти отвараш книга, и си внатре. Таму внатре е различно време и различно место.

-Читањето за мозокот е исто што и вежбањето за телото.

-Откако ќе прочиташ добра книга ти треба време да се вратиш во реалноста.

-Диносаурусите не читале книги – види што им се случи на нив.

-Читањето е единствен начин со кој се лизнуваме несвесно, често беспомошно, во некоја друга кожа, друг глас, друга душа...

-Библиотеката е место кое вибрира со идеи.

-Книгите не се како албуми, каде што само можеш да земеш и да уживаш во своето омилено поглавје и да ги игнорираш останатите.

-Книгите не се направени од страници и зборови. Тие се направени од надежи, соништа и можности.

-Ако не сакаш да читаш, сеуште ја немаш најдено вистинската книга.

-Мораш да пишуваш секој ден од твојот живот... Мораш да демнеш во библиотеки и да се качуваш по полиците за книги како да си скала за да душкаш книги како да се парфеми и да носиш книги како шешири над твојата луда глава... Можеш да бидеш заљубен секој ден во следните 20 000 дена. И надвор од таа љубов, да го преправиш светот.

-Добрите страни на читањето: „Книгата е како зоолошка градина која ја носиме во џебот“ (кинеска поговока); го вежба мозокот; доставува знаење и информации; го подобрува стресот и го подобрува расположението; ја подобрува способноста за пишување; книгите се добра тема за разговор; осигурува добра забава; ја подобрува концентрацијата; го збогатува речникот; ја развива креативноста; книгите поставуваат прашања за да поттикнат размислување; го подобрува памтењето; книгите се прозорец кон светот; ја зајакнува емпатијата; открива непознати и неистражени светови.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...