loading...
Состојки:
-2 кг. зрели смокви
-2 кг. шеќер
-6 чаши од 200 м.л. вода
-1 лимон
-1 ванила
-1 цвеќе слаткарче (Идришав).
Подготовка:
Се прави шербет од шеќер и вода во шерпа.На половина варење се додаваат исчистени и измиени смокви. Пред крајот на варењето на слаткото се вади пената и се додава исечкан лимон на кругови, ванила и цвеќето. По завршување на варењето шерпата се покрива со влажна крпа и се остава да отстои до утредента. Потоа се собира во тегли.
Рецепт на Благица Цветановска
No comments:
Post a Comment