Sunday, October 9, 2016

Домашен ајвар

loading...


Потребно:
-50 кг. црвен пипер
-1,5 л. зејтин 
-2 супени лажици шеќер
-сол по желба

Подготовка:
  Пиперките се мијат и се пребришуваат со сува крпа, така исчистени се запечуват од сите страни и се ставаат во кеса да омекнат. Откако ќе се испечат сите, се лупат и се чистат од семки, така исчистени се ставаат во цедалка за да се исцеди вишокот од течност. Потоа се мелат и се ставаат во шерпа.
  Откако ќе се загрее малку се додава зејтинот и се вари околу 2 часа, потоа се додава сол и се запржува уште 1 час. Пред собирање се додава шеќерот. Се складира во стаклени тегли, пред да се затвори теглата над ајварот се посипува малку зејтин и убаво се затвора. Секоја тегла се завиткува во хартија и така се чува додека не се олади.


Рецепт на Ивана Божиновска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...