Monday, October 24, 2016

Колач со јаболка

loading...

Состојки:
-1,5 кг. излупени јаболка
-2 филџани шеќер
-1 кафена лажица цимет
-1 кафена лажица ванила
-1 филџан брашно
-1 филџан гриз
-1 филџан пециво
-зејтин.

Подготовка:
-Во еден сад се рендаат 1,5 кг. излупени јаболка, потоа се додава 1 филџан шеќер, 1 лажица цимет и 1 ванилин шеќер. Смесата се дели на три дела.
-Во друг сад се става: 1 филџан брашно, 1 филџан шеќер, 1 филџан гриз и 1 пециво. Тавчето во кое ќе се реди изренданото јаболко се подмачкува со зејтин и се соли со гриз. Прво во тавчето се става 1 филџан од втората смеса, па потоа филџан јаболки и така се додека не се нареди во три реда.
-На крај се прска со 100 гр. зејтин и се става да се пече на 200 степени десетина минути, а потоа се намалува на 150 степени. Се сече откако ќе се излади и се соли со шеќер во прав или рендано чоколадо или ореви.





Рецепт на Благица Цветановска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...