Monday, February 6, 2017

Пораки за љубов

loading...


-Го отвораш срцето и сфаќаш дека сакаш... Ама не се бориш доволно за љубовта, саканите си одат и исчезнуваат во темнината, сакаме а сепак остануваме сами.

-Ова ти го пишувам за трајно сеќавање, за да се сетиш на мене, моја слатка тајно, никогаш немој да заборавиш дека те сака некој кому си му блиску а така далеку.

-Тешко е да сакаш некого, а да не бидеш со него, бесконечно да кажуваш дека е крај а во срцето да живееш со тоа. Тешко е да сакаш а никому да не кажеш, да ја криеш болката, а да зборуваш за среќа.

-Ако ти треба другарка која шепнува тивко, која брише солзи од лицето, ти повикај ме и јас ќе дојдам, макар половина сила да ти дадам, кога ме имаш мене ти не си сам.

-Кога ќе бидеш сам на брег на река и ќе слушаш далечни звуци, кога ќе бидеш сам на плажа покрај море и ќе гледаш изгрејсонце, и којзнае каде кога ќе бидеш далеку знај дека некој те сака.

-Собирам последна сила, вложувам голем труд, овие стихови ти ги пишувам, бидејќи немам веќе каде, во раката ми трепери телефонот, во окото солзата сјае-зарем никогаш нема да разбереш дека тебе те сакам јас.

-Моја си желба неисполнета, моја си ѕвезда сеуште недопрена, мое си сонце што сјае на небото, ти си мое се`, а што сум ти тебе јас?



No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...