loading...
Иако го мразите страшниот В - ден, се` е во гестот:
1. Појадок во кревет;
2. Направи му книга „Направи сам„ со поени;
3. Нарачај му ја омилената брза храна како изненадување;
4. Направи рамка за слика со сите ваши најдобри моменти;
5. Прашај го да играте некоја спортска игра заедно;
6. Подари му мапа со вашата омилена туристичка дестинација;
7. Остави мали белешки над неговите работи;
8. Подари му CD или USB со вашата омилена песна;
9. Разгали го;
10. Купи му некој важен детал кој заборавил да си го купи;
11. Поведи го на milkshake состанок;
12. Испечи нешто вкусно;
13. Направи му честитка;
14. Дај му го омилениот мирис;
15. Препорачај му навистина добра книга;
16. Дај му чинија со неговите омилени слатки;
17. Дозволи му тој да го организира вашето следно вечерно излегување;
18. Подари му ЧОКОЛАДА;
19. Дај му комплимент.
Или, едноставно прати му порака/и за Св. Валентин:
-Погледни во ѕвездите и ќе видиш минато, погледни во срцето и ќе видиш живот, погледни во очите-ќе видиш солзи, погледни во телефонот и ќе видиш кој мисли на тебе.
-Една ѕвезда ноќеска најмногу сјае, погледни ја - тоа сум јас, замисли си желба - ќе се исполни, бидејќи ѕвездата те сака највеќе на свет и ја чува твојата среќа, убаво сонувај љубов моја!
-Ти праќам една прегратка, бидејќи те нема овде, ти праќам еден бакнеж, бидејќи си далеку од мене и ти ја праќам оваа ПОРАКА за да разбереш дека мислам на тебе!
-Иако сум далеку, иако не ти се јавувам, и ако сказалките на часовникот не се склопени, знај дека секогаш ама баш секогаш мислам на тебе!
-Постојат луѓе кои доаѓаат и си одат низ нашиот живот, за некои жалиме за некои не, а ти си една од оние личности која би сакала да е покрај мене засекогаш.
-Ќе напишам на сите цигли: МИ НЕДОСТИГАШ и ќе го молам Господ една од нив да те тресне во глава па тогаш ќе видиш како боли кога ти недостасува некој кого многу го сакаш!!!
No comments:
Post a Comment