Thursday, February 9, 2017

Како да се ослободите од стриите

loading...


  Кажете им збогум на стриите: По природен пат до совршена кожа!
Иако научниците тврдат дека не може во потполност да се решите од стриите, можно е да се осветлат и да се направат скоро невидливи - и тоа на природен начин!

А ако не се видат и само вие знаете дека се таму, тоа е исто како да не постојат, нели?
Зошто се појавуваат стрии? Се појавуваат поради чистење на површинскиот слој на кожата и промени кои зафаќаат колаген во средните слоеви на кожата. Колагенот е супстанција заслужна за цврстината и еластичноста на кожата.

Кога поминуваме низ нагли промени кои бараат ширење на кожата како што се  бременоста, нагло поправање на тежината, или растење или хормонални промени, влакното на колагенот понекогаш попуштаат и ги создаваат овие непожелни траги во разни должини.

Генетскиот фактор исто така носи некоја тежина, со тоа што ако вашата мајка била подложна на стрии во некој момент ќе се покаже и на вашата кожа.

Ако имате стрии веројатно се наоѓаат на местото на градите, колковите, задникот или долниот стомак. Тие места се најверојатно полиња на злото бидејќи овде женското тело складира масни наслаги и со тоа кожата е повеќе изложена на истегнување. Обично почнуваат како розеви или црвеникави линии кои подоцна стануваат виолетови и потоа избледуваат.

Додека се во пораната фаза на настанување можат да се намалат релативно брзо и да се спречи натамошното ширење со правилна нега на кожата. Мора секојдневно да се врши масажа на кожата со ракавица или четка за масажа за да се поттикне циркулацијата во ова критично место, да се јаде храна богата со сицилиум, цинк, витамини А и Е.

Кожата мора да се храни 3-4 пати дневно, со богата хидратантна крема, за да и` се врати еластичноста на кожата и да биде пофлексибилна. Така колагенското влакно ќе може да се растегнува, ама нема да пука. Постарите траги ќе станат помалку видливи на тој начин, а се спречува и појавата на нови.

Ако никако не можете да пронајдете производ кој ќе ви одговара пробајте да направите сами своја крема која навистина би можела да помогне со својата комбинација од супер состојки во оваа борба со, се чини, ветерници.

Се мати: лажица масло од сусам, пченични зрна, екстрат од ванила, 2 лажици пчелин восок, 1/4 филџан со шеа или какао путер и се истресува 2 капсули витамин Е. Оваа смеса се растопува, се лади и тогаш е подготвена за употреба.


No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...