Saturday, February 25, 2017

Простувајте, тоа е чистење на душата

loading...


  Утре е ден недела, 26 февруари, празник Прочка. Празник на македонскиот народ кој најмногу знае да простува. Тој ден ние сме со духот на Прочка, со духот на проштевање. Секој секому простува за сакани или несакани грешки или гревови. Така си ја чистиме душата.Тоа сме го правеле отсекогаш, тоа е нашето поднебје, наша христијанска определба, такво е нашето трпение и љубов кон сите. Според ваква вера и традиција е воспитуван македонскиот народ.
  На празникот Прочка, според македонската традиција, помладиот оди кај постариот да бара прошка. Зетот приоѓа кај дедото, сестрата кај братот, ќерката кај таткото,снаата кај золвата, едниот вели: „Прости ми“, а другиот одговара со: „Простено нека ти е и од мене и од Бога“. А потоа се повторува постапката каде што постариот бара прошка од помладиот. На крај проштевањето завршува со прегратка.
  Самиот чин на проштевање претставува духовно миење, очистување на две души одеднаш. Така се ослободува и тој што барал прошка и тој што простил. Се заборава на омразата, на лошите мисли, зборови и дела. Господ ги благословува да останат во меѓусебна  љубов и радост и да си прават добро едни на други.



No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...