Monday, February 6, 2017

Гербер погача

loading...



Состојки:
-1 квасец,
-250 мл. млеко,
-1 голема лажица шеќер,
-1 голема лажица сол,
-750 гр. брашно,
-2 јајца,
-100 мл. зејтин,
-70 гр. маргарин.

Подготовка:
-Се замесува тесто со: брашно, квасец, млеко, шеќер, сол, зејтин и 1 јајце и се остава да стаса. Потоа стасаното тесто се дели на 2 еднакви дела и се расукува со големина на тавче бр. 28. Се става првата кора во тавче и се ренда маргаринот и одозгора се става втората кора. На средина се прави круг со една голема чаша, а околу кругот се сечат 15 парчиња и се превиткуваат во вид на цвет. Се премачкува со жолтка од јајце и се посолува со мак на средина, а на краевите со сусам. Се пече во загреана рерна на 180 степени 45 минути.




Рецепт на Благица Цветановска

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...