loading...
Колку и да се свесни пушачите дека пушењето не е здраво и дека убива, сепак никако не можат да ја остават цигарата. Некои сигурно многу пати пробувале да ја остават цигарата, но безуспешно. Во продолжение ви нудиме како да ја оставите цигарата засекогаш.
Ако одлучивте да престанете да пушите треба да сте сигурни дека тоа е само ваша одлука, бидејќи ако сакате да престанете да пушите за да задоволите некој друг, нема да успеете. Мора да имате цврсти причини поради кои сакате да престанете да пушите, најдобро би било кога би ги напишале на хартија. Така запишаните причини секогаш ќе ги носите со себе, за да можете да ги прочитате секогаш кога ќе ви дојде потребата за цигара.
При пишувањето на причините за прекинување на пушењето, обавезно на списокот да ги ставите и некои од овие причини: повисок крвен притисок, побрзи отчукувања на срцето, зголемен ризик за заболувања од рак, предвремени брчки, лош здив, жолти заби, смрдат кожа, коса и облека, загрозување на туѓото здравје, трошење на голема сума пари, опасност од срцеви заболувања, заболувања на непцата и проблеми со дишењето.
На пушачите најчесто им одговара да запалат цигара по оброкот, за да се промени тоа, после оброкот излезете на свеж воздух и прошетајте. Шетањето и свежиот воздух сигурно ќе ви одговараат повеќе од цигарата.
Сите работи кои ве потстуваат на пушењето, како што се пепеларата, запалката, чкорчиња итн. тргнете ги од вашиот видокруг и доколку сеуште не сте подготвени да ги фрлите, ставете ги на некое скриено место.
Ако секогаш палите цигара за да се смирите, пронајдете нешто што ќе ве смирува наместо цигарата. На пример купка за опуштање или вежбање.
Пресметајте колку дневно, месечно и годишно трошите пари на цигари и размислите што се` можете да направите со тие пари. Ставајте ги настрана парите кои секојдневно ги трошите за цигари, па почестете се со некоја нова облека или патување. Веднаш ќе ви се допадне идејата да не пушите.
Нека вашите блиски ви бидат подршка, па разговарајте со нив кога ќе одлучите да ги оставите цигарите, и доколку паднете во криза, да бидат тука и да ви помогнат.
Престанете со пушењето во периодот кој не ви е стресен, на пример годишен одмор и летување. Пробајте за престанок на пушењето да изберете време кога сте најмалку под стрес, и кога цигарата можете да ја замените со некои други активности кои ви одговараат.
No comments:
Post a Comment