Tuesday, February 14, 2017

Св. Трифун - ден на винарите, празник за православните христијани

loading...




Денес е вторник, 14 февруари, ден кога православните верници го обележуваат големиот христијански празник - светиот маченик Трифун.

Патронот на градинари, Свети Трифун кој се верува дека е роден во Фригија, уште од раното детство ја покажувал дарбата за чудотворство. Тој со својот поглед од кој зрачела необична исцелителна сила, имал моќ над болните, а посебно ги лекувал душевно болните.

Едно од најпознатите негови чуда што ги направил било што ја исцелил ќерката на римскиот император Гордијан. Откако принцезата душевно се разболела, злобниот дух рекол дека него може да го истеера само „детето Трифун“. По многу Трифуни и маченикот Трифун дошол на ред. Бидејќи ја излекувал принцезата царот го дарувал со многу подароци, кои Трифун ги поделил на сиромашните. 

Но, кога дошло времето на царот Деоклицлијан, Свети Трифун бил измачуван поради тоа што го следел Исус Христос. Гледајќи дека ниедно мачење на Трифун не му наштетило, царот Деоклицијан наредил да му се отсече главата. Маченикот Трифун, откако му се помолил на Бога умрел уште пред да му ја отсечат главата со меч, во 250 година. По смртта, се јавил на христијаните и им рекол неговото тело да го пренесат во неговото родно место.

Православната црква во Москва, каде што и ден денес се наоѓаат дел од светите мошти, го слави како исцелител светиот маченик Трифун и неговиот ден го чествува на 1 февруари. А денес неговиот ден го празнуваат градинарите, винарите, на 14 февруари според грегоријанскиот календар.

Во чествувањето на денот на светецот, според традицијата која произлегла на полињата на лозјето, барајќи го благословот од светецот, лозарите посипуваат вино на своите лозја, приредуваат ручек и ги канат случајните минувачи да им се придружат на гозбата со јадење и пиење. Се верува, според традицијата, дека така на домаќинот и целата куќа тоа ќе му донесе среќа.



No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...