loading...
Почне, па застане. Еден чекор напред, два чекори назад. Прво си убеден дека мора да биде подобро, потоа кога сомнежите ќе се намножат бидејќи времето кое изминува ги демантира твоите верувања, почнуваш да се надеваш дека ќе биде подобро и на крај правиш се за тоа што е можно да биде подобро кое толку очајно ти треба во животот и да ти пристигне. И тоа подобро сèуште го нема... дури ни блиску. Има една сурова вистина која вели дека кој живее во надеж дека ќе умре во беда. Во овој случај тоа е повеќе од точно. Поточно е тоа дека просперитетот не доаѓа до оние кои мислат дека тој се постигнува со дипломи, високи плати и скапи патувања. Тој просперитет го храни само егото но ја изгладнува душата. Ова е привидение на успех до кој никогаш и не се доаѓа, но секогаш ви е при рака. Тогаш ќе поминат години во неуспешно криење на болната вистина како кашлица од суштинско значење дека успехот всушност го немаш, се обидуваш да го замениш со означена облека, високи позиции кои тешко да се изговараат и лажни насмевки кои лесно се препознаваат. По некоја чудна логика денес кога вели да се направи се што е можно за просперитет, обично се мисли на зголемување на CV-то со лажни квалификации, членството во владејачката партија, со барање врски за работа во соседството и поширокото семејство. На кратко, вклучува поставување на душите на поставени вредности на системот кој надвор остава впечаток како најефикасен. Минуваш низ високи обуки за ниски удари со кои надвор се бориш за успех. Ти си голема буржоаска риба и високо обучен опортунист кој смета дека такви се правилата на играта, кој така се бори и кој е подготвен за се`. Интересно е тоа што токму тие кои се подготвени на се` се баш тие на кои прво им попушта волјата кога ќе сфатат дека животот најчесто не им дава ништо отколку што има дава, бидејќи само на тоа не биле подготвени.
Ќе биде подобро, кога ќе разбереш дека надвор не мора да бидеш борец, за да успееш. За вистински успех треба да се бориш со добрина а не со тактика. Ќе биде подобро, кога ќе разбереш дека на врвот има место за сите. На врвот има место за секој кој таму ќе поведе што повеќе луѓе со него. Ќе биде подобро, кога ќе престанеш да се грижиш за себе, да не веруваш, да не зборуваш со странци, бидејќи успехот никогаш не дошол кај оние чии раце не биле со рани, оние кои се сомневале во успехот и на оние кои ги очекувале да им го дадат родителите. Ќе биде подобро, кога ќе престанеш да гледаш само во себе, затоа што тогаш не видиш подалеку од носот, а успехот доаѓа само кај визионерите. Ќе биде подобро, кога ќе престанеш да се мислиш дека се` си има своја цена. Денес, повеќето се подготвени да ги издадат своите принципи за пари а не за ЉУБОВТА, и покрај тоа што треба да е обратно. Бидејќи сите овие воини всушност се кукавици. Тие се борат само за она што им е ветено, само за тоа што можат да го пресметаат и да го допрат, но не и за своите идеали. Ќе биде подобро кога ќе сфатиш дека не мора да се натпреваруваш, бидејќи натпреварувачите знаат само како до целта ама не знаат повеќе од тоа, кога ќе разбереш дека не треба да бидеш играч, бидејќи тие ги знаат правилата на играта, но не и на животот, дека не мораш да бидеш најдобар од сите, туку подобар од себе вчера. Би било прекрасно кога некој би ни ги повторувал овие работи кога сме биле деца и би не натерал да ги научиме на памет, а не да ги дознаваме од искуство. Но, изгледа дека така тоа оди во животот ... Не можат тригонометриски задачи да се даваат на оние кои сеуште учат да бројат. Затоа секоја нова лекција доаѓа само кај оние ученици за кои животот смета дека се дораснати. Исто како и љубов, мир и успех.
No comments:
Post a Comment