loading...
Тaа е најголемиот двигател, елан кој не` турка надвор од сите граници. Вечна инспирација на поетите, композитори, сликари, писатели, уметници .... Издвојуваме 13 најубави цитати за љубовта.
-Само љубовта е вистинска, и единственото нешто што вреди во животот.
-Љубовта е пријателство кое го создава најубава музика.
-Најубавиот подарок што можеме да го дадеме на некој е нашето внимание. Кога оние што ги сакаме ја чувствуваат нашата љубов, ќе расцветаат како најубава пупка.
-Љубовта ги соблекува сите маски кои сите сме ги ставиле со страв дека без нив не би можеле да го живееме овој живот.
-Кога љубиш некого, најмногу се плашиш дека можеби ќе бидеш повреден, и ќе бидеш.
-Тој не е совршен. Ниту ти, ниту, пак, вие двајцата некогаш ќе бидете совршени. Но, ако тој може да те насмее барем еднаш, да те наведе да размислуваш најмалку два пати, и ако признае дека човекот е склон да греши, не пуштај го и дај му се што можеш од себе. Нема тој да ти рецитира поезија, нема да мисли на тебе во секој момент, ама ќе ти даде дел од себе свесен дека може да се скрши. Немој да го повредуваш, или да го менуваш и не очекувај да ти даде повеќе од она што може. Можеш да се смееш кога те прави среќна, врескај на него кога ќе те налути и нека ти недостасува кога не е во близина.
-Те сакам, без да знам како, кога и каде. Те сакам директно без проблеми или гордост, така те сакам затоа што не знам како поинаку. Те сакам на начинот на кој ти не си ти, и јас не сум јас.
-Често, ми треба само да бидам блиску до него. Да не се допираме. Дури и ни да зборуваме. Тишина меѓу нас. Тоа е она што ме убедува дека не сум сама.
-Ние мора да ја надминеме страста. Тоа бара многу напор за ремек-дело на нашите емоции. Убава хармонија на емоции. Треба да научиме да се сакаме еден со друг без обврски ... и надвор од времето.
-Не сакам само да ме сака, туку и да ми изјавува љубов.
-Љубовта е гласот што ја надвладува било која тишина. Надеж која го победува секој страв, и вистина која се слуша побрзо од сончевите зраци и трае повеќе од Ѕвезден прав ...
-Знаеш дека си вљубен во моментот кога не сакаш да заспиеш, бидејќи реалноста е далеку подобра и поубава од било кој сон.
-Ние сме сами по раѓањето, сами сме во текот на животот и умира саме ми.Само преку љубовта и пријателството може да се создаде илузија, барем за момент дека не сме сами...
No comments:
Post a Comment