Sunday, February 26, 2017

Хит на пролетта: Холивудски локни за 5 минути

loading...




  Оваа пролет ни носи нови трендови меѓу кои број 1 се опуштени локни. Ви здодеа правата коса и сакате да го промените вашиот секојдневен изглед, ама немате многу време? Со овој мал трик сега можете и тоа да го направите, а се` што ви е потребно е спреј за локни и вашата омилена преса за коса.

  Постапка за правење опуштени локни:
-Исчешлајте ја косата и на неа ставете спреј за локни, а потоа косата поделете ја на 2 еднакви дела. 
 -Едната половина поделете ја на уште 2 половини, а потоа тие 2 прамена обвиткајте ги еден околу друг како да правите плетенка од 2 дела. Така обвитканиот прамен заврзете го со ластик за коса.
-Потоа со загреаната преса притискајте го праменот коса ама дел по дел, почнувајќи одозгора, до завршетокот на косата. За подобар ефект на опуштени локни, почекајте 1-2 минути па повторете ја постапката. Кога косата потполно ќе се олади, обвиткајте ја и праменот одвојте го со прсти, згужвајте ја косата со раце и вашата фризура е готова.
-За да трае фризурата подолго додадете малку лак за коса и косата е спремна.



No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...