Wednesday, February 1, 2017

Намалете ги болките во половината по природен пат

loading...



Доколку имате болки предизвикани од остеоартритис, реуматски артритис и остеопороза, желатинот може да ја намали болката и да ја подобри функцијата на зглобовите.

-Желатинот содржи протеини, вода и минерални материи, а се добива со преработка на животински производи.Тој во себе има 9 есенцијални аминокиселини кои се неопходни за одржување на организмот. Желатинот има и колаген, кој е потребен за изградба на `рскавиците и коските. Желатинот може да се употребува и за подобрување на квалитетот на косата и намалување на времето за оправување од спортски повреди.

Подготовка на домашен лек со желатин
Навечер се става 5 гр. желатин во 1/4 чаша ладна вода. Се меша и се остава желатинот да стои преку ноќ. Наутро желатинот се додава во јогурт, млеко, топло какао, сок, смути и се пие на празен желудник. Третманот се прави во тек на 1 месец, а подобрувањето може да се забележи по 3-4 дена.
За подобар ефект се препорачува употреба на желатин од говедско потекло. Препорачана максимална дневна доза на желатинот е 10 грама, за период од 6 месеци, а безбеден е за употреба кај повеќе луѓе.
Несакани последици од желатинот се: непријатен вкус, чувство на тежина во стомакот, подуеност, а кај некои луѓе и алергиски реакции.

Желатинот често се употребува во производство на храна, козметика и медицина. Го има во гумени бонбони, мачмелоу, десерти со желатин, сладолед и сосови.

No comments:

Post a Comment

Related Posts Plugin for WordPress, Blogger...